Дома Фудбал Погледнете го голот и извонредната асистенција на Олмо за Барселона

Погледнете го голот и извонредната асистенција на Олмо за Барселона

БАРСЕЛОНА во петтото коло од Ла Лига на домашен терен го совлада Гетафе со резултат 3:0. По нерешениот резултат со Рајо Ваљекано, Барселона успешно го задржува приклучокот кон совршениот Реал, а на натпреварот против Гетафе, Дани Олмо беше одличен. Шпанецот во овој дуел постигна гол и асистенција за својот тим.

Оваа сезона, Олмо само еднаш беше стартер и тоа токму во ремито со Рајо, но против Гетафе доби нова шанса од тренерот Ханси Флик. Тој шансата ја искористи на фантастичен начин уште во 15-та минута.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Олмо успеа да навлезе зад одбраната на гостите и мајсторски со пета ја врати топката до Феран Торес, кој со прецизен удар ја донесе Барселона во водство. Со ова, Олмо ја забележа својата втора асистенција оваа сезона, откако првата ја имаше во убедливата победа од 5:0 против Валенсија. Асистенцијата можете да ја погледнете ОВДЕ.

Во второто полувреме од натпреварот, Олмо се запиша и во листата на стрелци. По акцијата на Барселона по десната страна, Маркус Рашфорд брзо ја уфрли топката до Шпанецот во центарот, а Олмо од прв обид постигна гол и ја зголеми предноста на Барселона. Голот можете да го погледнете ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Париз вечерва во духот на Златната топка: Роналдињо ја предава наградата

Церемонијата за доделување на Златната топка за 2025 година ќе се одржи вечерва во Париз, …