Дома Фудбал Почнува ремонтот во Манчестер: Јунајтед купува фудбалер од 70 милиони евра

Почнува ремонтот во Манчестер: Јунајтед купува фудбалер од 70 милиони евра

Манчестер јунајтед е во завршна фаза на трансферот на Матеус Куња (25) од Вулверхемптон. Според Фабрицио Романо, бразилскиот напаѓач се согласил да потпише за тимот од Олд Трафорд. Се договараат последните детали на договорот, како и исплатата на отштетата на неговиот клуб. Се очекува Јунајтед да ја активира откупната клаузула за Куња која изнесува малку повеќе од 74 милиони евра.

Куња оваа сезона во 31 настап за Волвс во Премиер лигата постигна 15 голови, а имаше и шест асистенции. Тој се наоѓа на осмото место на листата на стрелците. Во Волвс дојде на почетокот на 2023 година, кога најпрво пристигна како позајмица од Атлетико Мадрид, по што остана во Вулверхемптон со трансфер вреден 50 милиони евра.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Куња ја започна својата професионална кариера во швајцарскиот Сион, каде пристигна од Бразил на 18-годишна возраст. Потоа играше за РБ Лајпциг и Херта, од каде беше продаден во Атлетико за 35 милиони евра. Покрај головите, оваа сезона на Куња ја одбележаа и суспензии. Во јануари беше казнет на две средби поради конфликт со член на стручниот штаб на Ипсвич Таун, а во март доби казна поради судир со бекот на Борнмут, Милош Керкез.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Надежите до 18 години ќе одиграат два натпревари со Словенија

Репрезентацијата на Македонија до 18 години кон крајот на Мај ќе одигра два контролни натп…