
Италија и светот на фудбалот се во жалост! Енцо Бертанјоли, синот на поранешниот голман на Рома, Жулио Сержо, го загуби својот живот во 15-та година по долгогодишна борба со тумор на мозокот. Веста за трагедијата ја сподели самиот Жулио Сержо на Инстаграм, во својата најтажна објава коja содржи име на син му и блескави ѕвезди околу него, со години на раѓање и смрт, но без зборови, само со огромна тага.
Енцо беше под индуктивна кома извесно време, а последните денови состојбата му се влоши. Болеста му беше дијагностицирана во 2020 година, а борбата која следеше беше тешка, болна и исполнета со храброст.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Во последната објава пред неговата смрт, Сержо напиша:
– Ситуацијата е иста како и последните денови: неповратна. Сè уште е во кома, под седативи, со кислород. Но, најважно е дека е во мир, опкружен со нас, неговото семејство, и вас… Не чувствува болка или непријатност.
Изминатите четири години, поранешниот чувар на мрежата на „волците“ споделуваше со светот низ што се соочува неговото семејство. Во 2022 година, Енцо беше опериран, а стана и симбол на борбата против ракот во Бразил, добивајќи поддршка од величини како Буфон, Тоти, Бонучи, Кристијано Роналдо, но и Нејмар и Даниеле Де Роси.
Поддршката секогаш пристигнуваше и од клубот Рома, кој на поранешниот голман и неговото семејство постојано им стоеше на располагање. Навивачите години наназад носеа транспаренти и пееја за поддршка на малиот Енцо, кој и покрај болеста се трудеше да шири насмевка и надеж. Еден од последните трогателни моменти беше кога Жулио Сержо реши да ја ошиша својата глава исто како и синот му, пред новиот циклус на хемотерапија, а видеото стана вирално и предизвика солзи низ целиот свет.