Дома Останати Тенис Победата над Ѓоковиќ му донесе и богата награда: Еве колку заработи сензационалниот освојувач на турнирот во Мајами

Победата над Ѓоковиќ му донесе и богата награда: Еве колку заработи сензационалниот освојувач на турнирот во Мајами

Чешкиот 19-годишен тенисер Јакуб Меншик го победи Новак Ѓоковиќ со 7:6(4), 7:6(4) во финалето на Мастерс 1000 турнирот во Мајами, со тоа достигнувајќи успех во кариерата и спречувајќи го српскиот тенисер да ја освои стотата титула во неговата сјајна кариера. Така, и понатаму, единствените со сто или повеќе титули во Отворената ера остануваат Џими Конорс со 109 трофеи и Роџер Федерер со 103.

Со овој пораз, Ѓоковиќ пропушти и да го изедначи рекордот на Андре Агаси, кој во Мајами триумфираше седум пати, а како поразен во финалето заработи 552.614,78 евра. На Меншик му припадна заработката на кариерата. Во второто финале во кариерата освои прв турнир. Тоа што не успеа минатата година во Доха, каде што застана на чекор до триумфот, го постигна на многу посилен турнир во Флорида.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Првата победа во кариерата му донесе и богата финансиска награда. Му припадна околу 1,039 милиони евра, а оваа година вкупно заработи околу 1,4 милиони. Во кариерата започната пред нешто повеќе од три години, заработи вкупно околу три милиони евра.

Бодовите освоени во Мајами му овозможија скок од 30 места на поединечната АТП ранг-листа и така денес е 24-иот тенисер во светот. Ѓоковиќ остана на петтото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Матс Виландер: Алкараз ќе има кариера како Андре Агаси

Карлос Алкараз пред три години стана најмлад прв носител во историјата, но веќе извесно вр…