Во дербито на дното во рамки од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига екипите на Вардар и Тиквеш денеска ги поделија бодовите одигрувајќи 1:1 на Арената „Тодор Проески“.
Натпреварот не изобилуваше со возбудлива игра и шанси, а двете екипи ретко се закануваа кон противничкиот гол.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тиквеш прв стигна до водство кога Спахиу погоди во завршницата од првото полувреме. Вардар до бод дојде со погодокот на Мишковски во 65. минута од средбата.
По овој бод Вардар напредуваше на табелата и дојде до 10-тата позиција поради поразот на Воска во ова коло. „Црвено-црните“ имаат 13 бода, Воска 12, а Тиквеш е последен со 11.
Тимот на Шкупи конечно по серијата од пет порази во низа денеска успеа да слави и тоа убедливо на свој терен против Струга со 3:1. Погодоците за домаќините ги постигнаа Гуеје, Асани и Георг Стојановски.
Работнички се враќа со три бода од гостувањето кај Брера каде што славеше победа од 1:3.
Лидерот на табелата Шкендија во Охрид ја оправда фаворитската улога против Воска со победа од 1:0.
На останатите средби Пелистер дома беше подобар од Беса со 1:0, а немаше погодоци на средбата помеѓу Гостивар и Силекс.