Дома Фудбал Платини: Поминав низ десетгодишен пекол

Платини: Поминав низ десетгодишен пекол

Мишел Платини беше гостин во Театарот Корани во Сасуоло на Фестивалот на казненото правосудство, каде со него разговараше заменик-уредникот на „Ил Месажеро“, Алваро Морети. Поранешниот претседател на УЕФА зборуваше за обвинувањата за корупција, годините на судења и ослободителната пресуда.

Се започна во септември 2015 година, кога истражителите му наѕвонаа на вратата. Беше обвинет за измама, фалсификување и мито на тогашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, од два милиони швајцарски франци. Во тој момент, трократниот освојувач на Златната топка почувствува како му се распаѓа животот. Следеше деценија на сомнежи, судења, санкции и медиумски наслови кои го прикажуваа како симбол на корупцијата во светскиот фудбал.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Бев изненаден. Тоа се случи во ФИФА, за време на состанокот на Извршниот комитет, со многу новинари. Беше чудно. ФИФА жестоко ме критикуваше, рекоа дека сум корумпиран, не ме сакаа за претседател. Сè беше јасно од почетокот. Тоа беше десетгодишен пекол,” се сеќава тој.

По скоро десет години и две ослободителни пресуди, целиот случај заврши во март оваа година, кога Извонредниот жалбен совет во швајцарскиот Мутенц оцени дека Блатер и Платини не се виновни. Платини секогаш тврдеше дека договорот бил легитимен, потпишан и пријавен во даночните власти.

“Би бил прв корумпиран човек во историјата кој платил данок на мито,” се пошегува и додаде: “Не сум скршен човек. Живеев добар живот, моето семејство и пријателите ми помогнаа. Не станав претседател на ФИФА, ама кого му е гајле.”

Смета дека сакале да го отстранат за да не стане претседател на ФИФА.

„Со мене беа 150 сојузи. Само сакаа да ме отстранат. Најтешко беше за моето семејство, на моите внуци во училиште им рекле: ‘Твојот дедо е корумпиран.'”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фиго ги нервира навивачите на Барса и тврди дека веќе го знае резултатот на „Ел Класико“

Реал Мадрид ќе ја пречека Барселона на Сантијаго Бернабеу, во Ел Класико кое е закажано во…