Дома Фудбал Пикси му оддаде признание на српскиот рекордер: Овде има многу лажни легенди, но тој е вистинска

Пикси му оддаде признание на српскиот рекордер: Овде има многу лажни легенди, но тој е вистинска

Србија ја совлада Андора со 3:0 во квалификациониот натпревар за Светско првенство што се одржа во Лесковац. Херојот на натпреварот беше Александар Митровиќ (30). Напаѓачот на саудискиот клуб Ал Хилал постигна сите три гола и на одличен начин го одбележа својот 100-ти натпревар за Србија. Со ова го подобри двата рекорда во однос на бројот на настапи и голови за репрезентацијата, благодарение на хет-трикот кој го донесе до 62 гола за Србија.

На овој двоен рекордер му оддаде признание селекторот Драган Стојковиќ – Пикси: „Ова беше вечер на Александар Митровиќ кој премина во легендите. Вака се станува вистинска легенда. Овде има многу лажни легенди, но тој е вистинска. Митровиќ го одигра својот 100-ти натпревар за Србија и кога на тој јубилеј постигнувате три гола, тоа е навистина впечатливо.“

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Србија го започна квалификацискиот циклус со четири бодови од два натпревара. По нерешениот резултат 0:0 во Албанија минатата недела, сега ја совлада Андора на домашен терен. Српскиот го коментираше тој натпревар со Албнија: „Ќе беше подобро да победевме во Тирана, но и ова не е лошо. Коректна оценка е. Ќе напредуваме натпревар по натпревар и ќе видиме до каде ќе стигнеме.“

Фото: FSS/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тетоважа што ќе го расплаче целиот свет: Диого Жота не е заборавен (Видео)

За жал, Диого Жота повеќе не е меѓу нас, но очигледно е дека тој нема да биде заборавен. П…