Иако Реал Мадрид беше убеден дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, таа заврши во рацете на Родри.
Перез му честитал на Родри за признанието, но смета дека годинава „Златната топка“ требало да заврши кај фудбалер на Реал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Прво и основно, Родри е одличен фудбалер, тој е од Мадрид и го има нашето почитување. Тој сигурно заслужува „Златна топка“, но требаше да ја освои минатата година. Според мене, оваа година признанието требаше да му припадне на фудбалер на Реал Мадрид“, изјави Перез.
„Организаторите треба да објаснат кои се критериумите за сето ова. Но, јасно е дека можат да прават што сакаат без да одговараат. Би ги прашал „Франс Фудбал“ и „Екип“ која е поентата УЕФА да им се придружи во организацијата на „Златната топка“ во овој момент. Оваа награда треба да биде независна и за неа да гласаат само докажани специјалисти“.