Дома Фудбал Перез: Родри ја заслужи „Златната топка“, но не оваа година

Перез: Родри ја заслужи „Златната топка“, но не оваа година

Иако Реал Мадрид беше убеден дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, таа заврши во рацете на Родри.

Перез му честитал на Родри за признанието, но смета дека годинава „Златната топка“ требало да заврши кај фудбалер на Реал.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Прво и основно, Родри е одличен фудбалер, тој е од Мадрид и го има нашето почитување. Тој сигурно заслужува „Златна топка“, но требаше да ја освои минатата година. Според мене, оваа година признанието требаше да му припадне на фудбалер на Реал Мадрид“, изјави  Перез.

„Организаторите треба да објаснат кои се критериумите за сето ова. Но, јасно е дека можат да прават што сакаат без да одговараат. Би ги прашал „Франс Фудбал“ и „Екип“ која е поентата УЕФА да им се придружи во организацијата на „Златната топка“ во овој момент. Оваа награда треба да биде независна и за неа да гласаат само докажани специјалисти“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат составот на Македонија за вечерашното пеколно гостување во Кардиф (Фото)

Македонија вечерва од 20.45 часот во Кардиф го игра решавачкиот дуел против Велс во рамкит…