Дома Фудбал Перез по мечот со Селта виго: Нема да те продадам ни за 100 милиони евра

Перез по мечот со Селта виго: Нема да те продадам ни за 100 милиони евра

Реал Мадрид во неделата постигна важна победа против Селта Виго (3:2), така што остана во игра за титулата, иако кралскиот клуб сè уште има -4 во однос на Барселона.

„Кралевите“ не се откажаа од титулата, иако не изгледа лесно да се биде првак покрај Барселона која игра одлично, има предност од четири бодови и покрај сето тоа игра следниот викенд на свој терен против Реал…


Сепак, Реал нема што да загуби, веќе остана без Суперкупот, Купот, Лигата на шампионите, па сака да се обиде да направи чудо во Ла Лига. Игрите на некои фудбалери охрабруваат пред тој клучен натпревар во Барселона, особено момчето на кое сите му се восхитуваат.

Арда Гулер денеска постигна гол и асистираше против Селта и се чини дека пред него има голема иднина. Клубот го донесе во летото 2023 година од Фенер, а сега има 50 настапи, поради што неговиот поранешен клуб ќе заработи дополнителни 4 милиони евра бонус.

Возбудениот Перез, наводно, во еден момент му рече на Арда дека не би го продал ни за 100 милиони евра, а овие зборови, се разбира, многу значат за младиот играч од средниот ред, особено кога е познато дека во еден момент во зимата било извесно дека заминува.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ на прагот на трансфер во Арсенал

Арсенал активно бара врвен напаѓач, а првата цел на тренерот Артета е талентираниот Душан …