Дома Фудбал Перез планира најжешко лето во последните 10 години

Перез планира најжешко лето во последните 10 години

По разочарувачката сезона, Флорентино Перез сака да направи голема реконструкција во Реал Мадрид.

Елиминацијата од Лигата на шампионите, како и доминацијата на Барселона во сите домашни натпреварувања и меѓусебни дуели, го натера Перез да инвестира. 

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Најдоверливите мадридски медиуми пишуваат дека Перез решил ова лето да донесе најмалку пет засилувања. Позициите на кои сака да инвестира се – стопер, лев бек, креативен играч од средниот ред и напаѓач, а во Мадрид сметаат дека Трент Александар-Арнолд е веќе завршена работа.

На стоперската позиција повторно кружат различни имиња, а најголемата желба на Перез е Вилијам Салиба од Арсенал. Тој е скап, а и не е на продажба, па е пореално Реал Мадрид да тргне по него во летото 2026 година. Како алтернатива се спомнува Џонатан Та, кого новиот тренер Чаби Алонсо би можел да ги убеди да дојде со него од Леверкузен во Мадрид. Германецот зимава ги договорил личните услови со Барселона, но потоа Роналд Араухо решил да остане, додека Ерик Гарсија ја заслужил довербата на Флик. 

Нико Паз е играч кој експлодираше кај Сеск Фабрегас во Комо, а Реал има можност да го врати по снижена цена. Аргентинецот има само 20 години, дете е на Реал Мадрид, иако е по потекло од Аргентина. Перез ова го гледа како паметна инвестиција откако го продал на Комо за шест милиони евра, а може да го врати за само два повеќе – осум. Дури и да не успее да се наметне кај Чаби Алонсо, тој е многукратно повреден и Перез смета дека е право решение да го врати во Мадрид. 

Секако, Реал исто така верува дека Флоријан Вирц е совршен за системот на Чаби Алонсо, но Германецот моментално е поблиску до Бајерн Минхен, кој сака да го спои со Џамал Мусиала и да ги сруши сите рекорди за неговиот трансфер. Перез тешко ќе влезе во таа лицитација.

На крајот, тука е сензационалната гласина од напаѓачката линија. Наводно, Перез е подготвен да го продаде Родриго, но за 100 милиони евра. Него го следат и од претходно го сакаат Арсенал и Манчестер Сити, има огромна вредност на пазарот, а оваа сезона паднал во втор план зад Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе и изгледа дека на овој тандем му е потребен различен профил наиграч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено која ќе биде следната дестинација на Томас Милер

Кевин Гроскројц, бивш светски шампион со Германија во 2014 г. и двократен шампион во Бунде…