
Флорентино Перез реши да возврати на потегот од УЕФА.
Според најновите информации, Перез состави тим од експерти и, по низа анализи и проверки на правните регулативи, донесе одлука да побара отштета од УЕФА во висина од неверојатни 4.500.000.000 евра.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Како што е познато, предводникот на Реал Мадрид беше главен застапник и иницијатор за формирање на новата европска Супер лига, но на крај остана – сам. Последен кој се оддалечи од проектот беше претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, кој беше приморан да се помири со Александар Чеферин и Насер Ал-Келаиги.
Перез тешко го прими поразот и фактот дека Супер лигата пропадна, па реши да побара компензација од УЕФА во милијардни износи.
Сè уште не е јасно дали навистина има легитимна основа за вакво барање, но нема сомнеж дека Перес внимателно ги разгледал сите аспекти заедно со тим од правни експерти кои му помогнале да ја донесе оваа одлука.
Останува да видиме каков ќе биде одговорот на УЕФА…