Дома Моторспорт Перез ќе ги пакува куферите: Ред Бул ја најде неговата замена

Перез ќе ги пакува куферите: Ред Бул ја најде неговата замена

Шефот на тимот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, најави кои би можеле да бидат наследници на Серхио Перез, доколку Мексиканецот реши да го напушти тимот.

Само четири пати се најде на подиумот, и тоа на почетокот од сезоната, додека другите тимови сè уште не го покажаа својот целосен потенцијал. Потоа беше далеку од првите три места, а некогаш трките ги завршуваше на место кое не носи ниту поени.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тоа беше една од главните причини што Ред Бул не ја освои титулата на конструкторите и оваа сезона, бидејќи недостасуваа неговите поени и придонес, така што Мекларен ја освои титулата за најдобар тим во 2024 година.

Постои можност Перез да го напушти тимот дури и пред почетокот на новата сезона, иако пред него е поставен нов двегодишен договор.

Во тој случај, австрискиот тим ќе се насочи кон младите сили кои ги завршија сезоните во развојниот тим на Ред Бул, тимот РБ, Јуки Цунода и Лијам Лосон.

Мислам дека Лијам, во тешки околности, направи многу добра работа. Ако ги анализирате постигнувањата низ времето што го имаше, мислам дека тоа беше навистина одлично. Исто така, мислам дека и Јуки прави добра работа“, рече Хорнер и додаде:

Ако се случи Чеко да замине, тие двајца би биле кандидати да го заменат“, додаде Хорнер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Се друго остана во сенка: Тежок пад на Маркез во Холандија

Возачот на Дукати, Марк Маркез, беше најбрз на првиот слободен тренинг пред Големата награ…