
Родриго е отпишан во Реал Мадрид. 24-годишникот има многу мала минутажа кај Чаби Алонсо и поради тоа е многу незадоволен.
Иако во претходниот период не размислуваше за заминување од Реал, изгледа дека сега ситуацијата ќе се промени и дека Бразилецот сепак ќе го напушти клубот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Кај Кралевите не се смета на него. Претседателот Флорентино Перес е подготвен да направи трансфер и поставена е цена од 70 милиони евра.
Шпанските медиуми пишуваат дека Перес веќе му соопшти на тренерот Чаби Алонсо дека Родриго си оди.
“Флорентино Перес е подготвен да го продаде за 70 милиони евра. Веќе го соопшти тоа на тренерот Чаби Алонсо,” наведува Defensa Central и додава:
“Претседателот веќе даде зелено светло за продажба на ѕвездата следното лето.”
Формата на бразилскиот фудбалер значително паднала, но и покрај тоа, постои огромен интерес за неговите услуги. Многу клубови би сакале да го имаат во своите редови.
Ливерпул одамна се споменува како можност, тука се уште Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Баерн и дефинитивно Родриго ќе има слатка мака во изборот на нов клуб.
Така, ерата на Родриго во Реал може да заврши по седум години. Тој дојде во клубот во 2019 година од Сантос, а беше платен 45 милиони евра.