Дома Фудбал Пеп не е задоволен од топката со која се игра ФА-купот

Пеп не е задоволен од топката со која се игра ФА-купот

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го критикуваше квалитетот на топките со кои тимовите играат во англиските куп натпреварувања.

Сити во саботата навечер се пласираше во четвртфиналето на ФА Купот, откако го победи второлигашот Плимут со 3:1, а имаше 20 шута надвор од рамките на голот. Неодамна и тренерот на Арсенал, Микел Артета, изрази незадоволство од квалитетот на топките, откако неговата екипа загуби во полуфиналето на Лига Купот од Њукасл.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Гвардиола рече дека не е задоволен од топките на марката Митре, со кои се играат натпреварите во ФА Купот.

„Топката во Лигата на шампионите е исклучителна, топката во Премиер лигата е неверојатна, но оваа не е. Тешко е да се контролира. Кога ќе изгубите, може да звучи како да се жалите, но топката не е добра. Ова се случува со години во ФА Купот и Лига Купот, знам дека тоа е бизнис и дека има договори. Знаете ли колку удари беа над голот? Погледнете ги другите натпревари. Обично топката влегува во голот по тие удари“, рече Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок спектакуларно враќање на играч во Барселона

Барселона зад себе има една многу успешна сезона под раководството на тренерот Ханси Флик.…