Дома Фудбал Патен експерт со извештај за несреќата на Диого Жота

Патен експерт со извештај за несреќата на Диого Жота

Фудбалерот на Ливерпул Диого Жота и неговиот брат Андре Силва загинаа во ноќта меѓу среда и четврток на автопат во Шпанија.

За страшната несреќа досега е познато дека двајцата браќа патувале со Lamborghini Huracan со голема брзина – веројатно повеќе од 200 км/час – на автопат A-52 во Сернадиља, Шпанија. Попуштањето на една од гумите довела до загуба на контрола над возилото, кое удрило во ограда и потоа се превртило и експлодирало во пламен. Телата на Диого Жота и Андре Силва биле пронајдени изгорени на местото на трагедијата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во меѓувреме се појави извештај од специјалист. Експертот за безбедност на патиштата и претседател на Асоцијацијата на ревизори за безбедност на патиштата во Шпанија (Asevi) Хавиер Лопез Делгадо наведе многу фактори што довеле до несреќата. Во интервју за весникот La Opinion de Zamora, Делгадо ги наведува како фактори кои придонеле за инцидентот, освен попуштената гума, брзината, асфалтот и оградата.

Инженерот тврди дека гумата на возилото попуштила или поради тоа што не била во добра состојба, или поради тоа што немала доволен притисок.

“Ако се движел со 90 км/час, веројатно немаше да загине”, заклучи Делгадо, додавајќи дека изгледа сосем јасно дека брзината била многу висока, според трагите на кочење и некои сведочења од луѓе што го виделе автомобилот. Друг фактор кој можел да влијае на несреќата, изјави тој, е состојбата на патната површина, бидејќи фотографиите од местото на несреќата многу јасно покажуваат дека имало многу несовршености кои влијаат на триењето на гумите со асфалтот. Состојбата на патната површина може да го објасни и фактот дека на истиот 65-ти километар на автопат A-52, и тоа во истата насока на движење, осум дена порано се случила друга несреќа, при што автомобил излетал од патот и еден човек бил тешко повреден.

“Може да е случајност, но јас не верувам многу во случајности, кога има две излетувања од патот на истиот километар, нешто се случува”, нагласи Хавиер Лопез Делгадо.

Експертот ја спомена и заштитната ограда на средната разделителна лента на автопатот. Тој објасни дека споменатата заштитна ограда во овој дел од патот требаше да биде дизајнирана така што ако излезеш од патот, да те пренасочи назад кон коловозот, а овој пат делувала како преграда, бидејќи “нејзината должина и аголот на пад не биле коректни”.

Foto: X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трент: Жота беше со мене, играв во негова чест

Десниот бек на Реал Мадрид Трент Александар-Арнолд го посвети своето претставување во четв…