Дома Фудбал Палмер „украде“ гол на соиграчи поради – „Фантази Премиер лига“!

Палмер „украде“ гол на соиграчи поради – „Фантази Премиер лига“!

Фудбалерите на Челси синоќа со победа на гости кај Саутемптон со резултат 5:1 се пробија на второто место во Премиер лигата и се вклучија во борбата за титулата.

За Челси синоќа погодија Акзел Дисаси, Кристофер Нкунку, Нони Мадуеке, Кол Палмер и Џејдон Санчо, а особено интересен беше голот на Палмер за 4:1.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Во 77. минута Нкунку излезе пред голманот на Саутемптон Џо Ламли и со извонреден дриблинг ги измами него и еден дефанзивец на домашната екипа, и ја испрати топката во голот.

Но, пред да заврши топката во голот, Палмер успеа да стигне до неа, па тој ја смести во мрежата и така го „украде“ голот на својот соиграч.т.

Веднаш по постигнувањето на голот, Палмер, пред своето карактеристично славење, се поздрави со Нкунку кој се смееше откако сфати за што се работи.

По натпреварот, Палмер му се извини јавно и призна дека „украде“ голот заради Фантази Премиер лигата.

“Извини Нкунку, но на играчите на Фантази им требаше мојот гол”, порача Палмер, а Французинот му одговори дека сè е во ред.

Палмер синоќа на Фантази им донесе 7 поени на играчите кои го имаа во тимот, а вкупно е втор по бројот на „Фантази“ поени во лигата со 107. Пред него е само Мохамед Салах со 151 поен.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …