Дома Фудбал Падна договор: Манчестер Јунајед за 71 милион фунти добива ново засилување!

Падна договор: Манчестер Јунајед за 71 милион фунти добива ново засилување!

Брајан Ембеумо од Брентфорд станува новото засилување за Манчестер Јунајтед, откако клубот одллучи да исплати 71 милион фунти на лондонскиот тим.

Менаџерите на Олд Трафорд понудија 65 милион фунти како основна цена, со дополнителни 6 милион фунти во форма на бонуси.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Клубот настојува да го доведе Ембеумо пред заминувањето на американската турнеја во вторник, каде се планирани три подготвителни натпревари. Исплатата ќе се изврши во четири рати.

За 25-годишниот Ембеумо, кој во Премиер лигата минатата сезона успеа да постигне 20 голови, интерес пројавија и други клубови – особено Тотенхем, чиј сегашен тренер е поранешниот менаџер на Брентфорд, Томас Франк, и Њукасл – но Камерунецот го предност му даде на Манчестер Јунајтед.

Во текот на минатата сезона, тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, постојано посочуваше на проблемот на екипата за реализација на шансите.

Со само 44 постигнати голови во Премиер лигата, тоа беше најлошиот настап од сезоната 1973/74 кога “Црвените Ѓаволи” испаднаа од лигата. Ова лето Јунајтед веќе ги ангажираше офанзивецот Матеус Куња и дефанзивецот Дијего Леон.

Иако Аморим има на располагање многу офанзивци, впечатокот е дека повеќето не ги задоволуваат критериумите на поранешниот португалски репрезентативец.

Очекувањата се дека клубот би можел да се раздели со Маркус Рашфорд, Алехандро Гарначо, Џејдон Санчо и Антони. На десното крило меѓутоа останува Амад Дијало како една од опциите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арнаутовиќ конечно во Ѕвезда!

Се случи конечно и тоа! Марко Арнаутовиќ е новиот фудбалер на Ѕвезда! Како што наведува „К…