Раководството на Формула 1 потврди дека трката за Големата награда на Соединетите Американски држави (САД) ќе се вози на патеката во Остин до 2026 година.
Во претходната сезона во Остин имаше околу 400.000 навивачи, кои ја гледаа првата победа на Макс Ферстапен во Америка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Воодушевени сме од тоа што го продолживме договорот пред возбудливата сезона. Сакам да се заблагодарам на промотерите за посветеноста и ентузијазмот кон Ф1, поради што расте интересот за нашиот спорт во САД. Остин е одличен град, а патеката е омилена на сите возачи“, кажа првиот човек на Ф1, Стефано Доменикали.
Here's to five more years of yeehaw. 🤘#USGP 🇺🇸 #F1 @COTA pic.twitter.com/6yf8SsHHGg
— Formula 1 (@F1) February 18, 2022