Дома Фудбал Италија Oфицијално: Тонали поради суспензијата нема да игра на Европското првенство!

Oфицијално: Тонали поради суспензијата нема да игра на Европското првенство!

Италијанскиот репрезентативец, Сандро Тонали доби суспензија од 10 месеци и плус осум месеци задолжителна рехабилитација, потврди Фудбалската федерација на Италија.

Се најавуваше дека Тонали може да добие супензија од 18 месеци, но Италијанецот ќе се спаси со помала казна, но сепак ќе го пропушти Европското првенство во 2024 година.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Тонали беше обвинет дека се обложувал на натпревари на Милан додека бил играч на „росонерите“. Претходно тој призна дека се обложувал на натпревари на „росонерите“, но на натпревари на кои тој не играл. Поради тоа не се водеше истрага за местење натпревари.

Претходно суспензија доби и Николо Фаџоли кој седум месеци ќе биде надвор од терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Господски потег на Реал Мадрид по трауматичното искуство на млад навивач на Бенфика (Видео)

Хаотичните сцени пред натпреварот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид оставија силен впечаток на …