Дома Останати Тенис Oфицијално: Се враќа Рафаел Надал и тоа пред Австралија Опен!

Oфицијално: Се враќа Рафаел Надал и тоа пред Австралија Опен!

Поранешниот најдобар светски тенисер, Рафаел Надал официјално објави дека се враќа на терените.

Надал ќе се врати на турнирот во Бризбејн кој служи како загревање за Австралија Опен. Освојувачот на 22 грен-слем титули не играл официјален меч откако се откажа од второто коло на Австралија Опен поради проблеми со колкот.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„По една година надвор од терените, време е да се вратам.  Ќе биде во Бризбејн, првата недела во јануари. Се гледаме таму“, зборува помеѓу другото во видеото објавено на социјалните мрежи, шпанскиот тенисер.

Надал претходно изрази желба уште еднаш да настапи на Ролан Гарос и да ја претставува Шпанија на Олимписките игри во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познат терминот кога Ѓоковиќ и Синер ќе се борат за финале на Ролан Гарос

Познато е кога ќе играат српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Италијанецот Јаник Синер во полу…