Владата вечерва и официјално потврди дека пријателскиот натпревар на 1. јуни Македонија – Словенија ќе се игра пред публика.
„Во знак на поддршка на Македонската фудбалска репрезентација, која за прв пат се пласираше на Европското првенство и која на 1 јуни ќе одржи подготвителен пријателски натпревар, членовите на Владата, на седницата донесоа Одлука за исклучок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари, односно подготвителниот натпревар кој треба да се одржи на 1 јуни на Градскиот стадион во Скопје да се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините. За дополнителни олеснувања за другите натпревари ќе се разговара на следната седница на Влада“, објавија вечерва од Владата.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Тие 30% значат околу 10.000 фанови на трибините.
Ќе потсетиме, дуелот со Словенија е еден од двата кои македонската репрезентација ќе ги одигра пред ЕП во Скопје. Вториот се игра против Казахастан три дена подоцна.