Дома Трансфер зона Oфицијално: Лестер го доведе најдобриот играч на Њукасл за 30 милиони фунти

Oфицијално: Лестер го доведе најдобриот играч на Њукасл за 30 милиони фунти

Лестер преку својата официјална страна го потврди трансферот на најдобриот играч на Њукасл, Ајозе Перез.

„Лисиците“ за Перез ќе платат сума од 30 милиони фунти.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Одличниот Шпанец минатата сезона постигна 12 гола. Интерес за него покажаа Манчестер Сити и Евертон. Меѓутоа Сити се насочи кон Родри, а шампионот на Премиер лигата од 2016 година успеа да ја добие трката со „карамелите“.

Овој 25 годишен фудбалер без никакви дилеми ќе донесе една нова димензија во нападот на Лестер заедно со Џејми Варди.

„Пресреќен сум поради трансферот во овој клуб. Искрен, едвај чекам да започне сезоната и да покажам колку вредам“, изјави самоуверениот Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…