Додека пишува нови страници во фудбалската историја, македонскиот капитен и селектор Кирил Лазаров договори продолжување на соработката со Нант.
Францускиот клуб официјално објави дека Лазаров има договор со важност до крајот на сезоната 2021/2022.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иконата на македонскиот ракомет во Нант пристигна во 2017 година од редовите на Барселона и тоа се покажа како одличен потег на раководството на францускиот клуб.
Сезонава Нант го очекува фајнл-фор турнирот во Келн на 12. и 13. јуни. За Лазаров ова ќе биде деветто полуфинале во Лигата на шампионите во неговата кариера. Првите две ги играше со Веспрем, потоа со Сиудад, а три пати до топ 4 стигнуваше со Барселона.