Португалскиот стратег Андре Виљаш Боаш и официјално се врати во европскиот фудбал.
После едноггодишната епизода во Шангај ШИПГ поранешниот тренер на Челзи и Тотенхем одлучи да потпише договор со Марсеј.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Порашениот шампион на Европа доаѓањето на Боаш го потврди на својата официјална страна.
Марсеј зад себе нема добра сезона и беше очекувано да има промена на тренерот, а изборот на крајот падна на Боаш.
За сега не се познати деталите од договорт, но се верува дека Португалецот потпишал договор на повеќе години.
Освен Челзи и Тотенхем, тој ги водеше Порто и Зенит, интересно е што иако е познат на спортската јавност како тренер повеќе години тој денес има 41 година.
Боаш клубот го превзема од Французинот Руди Гарсија кој сега ќе мора да бара нов ангажман.
Кога е Марсеј во прашање останува да видиме дали Боаш ќе се одлучи да го продолжи договорот на Марио Балотели. Балотели со Марсеј потпиша во текот на зимскиот и неговиот договор заврши на крајот на оваа сезона.
⚪️? ? ??
Our new era has begun.André Villas-Boas is an Olympien.
André Villas-Boas is the Boss.#WelcomeAVB | #OMnationpic.twitter.com/5uTm7xUmGg
— Olympique Marseille (@OM_English) May 28, 2019