Екипата на Аталанта е вистински хит сезонава во Лигата на шампионите и еуфоријата во Бергамо е навистина огромна, а тоа го докажува и последниот пример.
Бергамо според официјалните податоци има околу 120.000 жители, а дури една третина од жителите на градот беа на стадионот во Милано каде што Аталанта играше против Валенсија. Еден ученик исто така не сакал да го пропушти овој натпревар, а поддршка имал и од неговиот татко, па за неговиот наставник оставиле интересно оправдание.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Само да ве известам дека Едуардо ова попладне нема да присуствува на наставата од културно-историски причини. Заедно со својот татко тој ќе присуствува на пишување историја во книгите на Бергамо. Напред Аталанта!“, стоело во оправданието.