Maуро Икарди се уште не го продолжил договорот со „Нероаѕурите“, а после oна што се случуваше во последно време никој не верува дека тоа ќе се случи..
Икарди ја изгуби капитенската лента и таа во иднина ќе ја носи Самир Хандановиќ. Покрај тоа беше изоставен од тимот за натпреварите на Интер против Рапид Виена во Лигата на Европа и Сампдорија во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За пропуштениот натпревар против Сампдорија објаснувањето беше дека станува збор за ситна повреда. Интер ги доби овие два натпревари (Рапид 0:1 и Сампдорија 2:1). Меѓутоа проблемите во клубот и понатаму изгледа нема да бидат решени и се наведува на тоа дека Икарди ја минува последната сезона во Милано.
Токми во вчерашниот натпревар од Серија А против Сампдорија забележана беше една интересна ситуација.
Интер со победата над незгодниот противник се одлепи на табелата на четири бода од градскиот ривал, а во оваа средба големо внимание привлече моментот кога Икарди и Ванда се појавија на видео бимот.
Некои можеби ќе кажат дека се работи за случајност, но ако знаеме што се случуваше во последните денови јасно е дека голема е веројатноста работата да не е случајна туку порака кон Икарди и Ванда.
Имено, во моментот кога Икарди и Ванда се појавија на видео бимот целиот стадион испрати гласни свирежи.
Inter fans making their frustration known to Icardi and Wanda. Deafening whistles when the pair appear on the screen, only for them to fall silent once the picture is changed. #InterSampdoria #FIFattheGames pic.twitter.com/RCTeanpLnS
— ForzaItalianFootball (@SerieAFFC) February 17, 2019