Англискиот шампион Манчестер Сити би можел да биде исфрлен од Лигата на шампионите.
Европската фудбалска федерација неодамна започна истрага против тимот од Манчестер поради финаниски нерегуларности, а денес донесе одлука за започнување дисциплинска постапка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно „граѓаните“ ги заобиколуваале правилата кога во прашање е работењето со спонзорите и сопствениците на клубот.
„Фудбал Ликс“ објави документи според кои може да се заклучи дека Манчестер Сити се обидел да ги прескокне правилата на финансискиот фер-плеј на УЕФА.
Манчестер добивал финансиски инекции од инвеститорски компании зад кои стои Обединетите Арапски Емирати како држава. Парите биле испумувани преку спонзорски договори со компании преку „Етихад“, кој е главен спонзор на клубот.
УЕФА сега објави дека Манчестер Сити е виновен и отворена е постапка против англискиот шампион.
„Шефот на финансиската контрола се консултираше со членови на независно тело и донесена е одлука за отварање постапка против Манчестер Сити. Против нив е започната истрага на 7-ми март поради кршење на финансискиот фер-плеј. Истрагата покажа дека неправилности постоеле. УЕФА до носењето на конечната одлука нема да се огласува“, стои во соопштението од европската куќа на фудбалот.
Од Сити веднаш возвратија со објава дека не се изненадени од отварањето постапка.
„Манчестер Сити е разочаран, но не и изненаден од одлуката за започнување постапка против шефот Јвес Летерм. Манчестер Сити е убеден дека на крај работата ќе завршо позитивно за нас“, соопштено беше од клубот.