Дома Фудбал Англија Oбамејанг се прости од Арсенал: Ме боли што заминувам без вистинско збогум

Oбамејанг се прости од Арсенал: Ме боли што заминувам без вистинско збогум

Aрсенал во текот на вчерашниот ден информираше дека е постигнат предвремен прекин на соработката со Обамејанг кој после проблемите со Артета го напушта клубот.

Обамејанг не беше во составот на Арсенал во претходните два месеци, а клубот му излезе во пресрет и му дозволи да ја продолжи кариерата во Барселона каде што Габонецот пристигнува како слободен играч.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Габонецот од Арсенал се прости преку социјалните мрежи.

„Ви благодарам што го направивте Лондон дом за мене и моето семејство во претходните четири години. Имавме подеми и падови, поддршката ми значеше се. Тоа што подигнав трофеј и што ја носев капитенската лента на овој клуб секогаш ќе остане во моето срце. Секогаш бев 100% фокусиран и правев се за клубот затоа и ми е тешко што занимувам без вистинско збогум. Но таков е фудбалот, жалам што не добив шанса да им помогнам на соиграчите во последните натпревари“

„Сепак не чувствувам ништо друго освен респект кон клубот. На сите мои момци и фанови им посакувам успеси во иднина“, порача Обамејанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милнер руши рекорд во Премиер лигата

Џејмс Милнер договори едногодишно продолжување на договорот со Брајтон, објави клубот дене…