
Африканскиот фудбал се соочува со сериозни предизвици поврзани со довербата и интегритетот на натпреварите, изјави претседателот на Африканската фудбалска конфедерација (CAF) Патрис Мотсепе, откако на Сенегал му беше одземена титулата на Африканскиот куп на нации.
Голем скандал ја потресе африканската фудбалска сцена. Два месеци по завршувањето на Африканскиот куп на нации, титулата што Сенегал ја освои на теренот беше одземена и доделена на поразениот Мароко, со службен резултат од 3:0.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Оваа одлука беше донесена откако играчите на Сенегал, незадоволни од судиските одлуки, за момент го напуштија теренот, но потоа се вратија и победија редовно во финалето.
Првиот човек на африканскиот фудбал Патрис Мотсепе, кој се смета за највлијателен во оваа драматична ситуација, ги бранеше одлуките на Жалбениот комитет на својата организација да ја додели титулата на Мароко, по протестот нивен за исходот на финалниот меч на 18 јануари.
Иако Сенегал триумфираше во Рабат со 1-0, неговите играчи го напуштија теренот 14 минути по завршувањето на регуларното време, во знак на протест поради доделениот пенал за домаќинот Мароко, но се вратија и победија во продолженијата.
Иако Дисциплинската комисија на ЦАФ го одби првичниот протест на Мароко, Жалбениот комитет го утврди нарушувањето на правилата од страна на Сенегал со организирањето на излезот од теренот и ја додели титулата на Мароко.
Мотсепе, кој беше избран на чело на ЦАФ во 2021 година и повторно избран минатата година, изјави дека ЦАФ е посветен на фер-плејот и отфрли какви било обвинувања за преференцијален третман, иако постои перцепција дека Мароко има претерано влијание во африканскиот фудбал.
“Информиран сум дека Сенегал ќе поднесе жалба, што е многу важно. Секоја од 54 нации во Африка има право да вложи жалба и ние ќе ја следиме и почитуваме одлуката донесена на највисоко ниво,” изјави Мотсепе.
Тој истакна дека Сенегал сè уште има можност да ја врати титулата, бидејќи сега одлуката е во рацете на Спортскиот арбитражен суд во Лозана (CAS). Африканската конфедерација ќе ја почитува одлуката на ЦАС, без оглед на тоа каква ќе биде по жалбата на Сенегал.
“Клучно е ниедна африканска нација да не биде третирана со повеќе или помалку поволен начин од било која друга нација на континентот,” додаде јужноафриканскиот милијардер и магнат во рударството.