Дома Фудбал Oва се репрезентациите кои досега обезбедија пласман на Светското првенство, ги има 29!

Oва се репрезентациите кои досега обезбедија пласман на Светското првенство, ги има 29!

Бројот на учесници на Светското фудбалско првенство кое ќе се одржи во 2026 година постепено расте. Од предвидените 48 селекции, до сега се познати 29 кои ќе учествуваат следното лето.

Од Европа досега се пласираа само две репрезентации, Франција и Англија..

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓу 29-те сигурни патници има и три дебитанти: Узбекистан, Јордан и Зеленортските Острови. Ждрепката за групите на Светското првенство ќе се одржи на 5 декември во Кенеди центарот во Вашингтон. Финалната листа на сите учесници ќе биде позната дури кон крајот на март следната година, кога ќе се одиграат дополнителните квалификации во Европа кои ќе определат уште четири патници.

Домаќини: САД, Мексико, Канада

Африка: Алжир, Зеленортски Острови, Египет, Гана, Брегот на Слоновата Коска, Мароко, Сенегал, Јужноафриканска Република, Тунис

Азија: Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Узбекистан

Јужна Америка: Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Парагвај, Уругвај

Европа: Франција, Англија

Океанија: Нов Зеланд

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Срамен потег го „засени“ дербито: Емери објасни зошто не се ракуваше со Артета

Астон Вила доживеа тежок пораз на Емиратс, но повеќе од резултатот внимание привлече момен…