
Американската лига МЛС бележи голем раст, главно благодарение на Лео Меси, додека Саудиската Про лига не е во првите 10 најгледани фудбалски лиги во светот.
Како што известува Sportsdunia, дигитална платформа посветена на спортските вести, анализи и статистички податоци, Премиер лигата и натаму е најгледаната фудбалска лига на глобално ниво, следена од германската Бундеслига.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Елитната англиска лига се истакнува со 643 милиони гледачи по натпревар и рекордни 13,4 милиони посетители на стадионите.
Бундеслигата се наоѓа на второ место по висока посета од обожавателите, додека шпанската Ла Лига и италијанската Серија А ја следат. Француската Лига 1 и американската МЛС, засилена со ѕвезди како Лео Меси, го комплетираат најдобрите пет.
Некои можеби очекуваа Саудиската Про лига да биде на оваа листа, особено благодарение на присуството на Кристијано Роналдо и другите светски фудбалски ѕвезди, но засега не успеа да влезе меѓу најатрактивните по гледаноcт.
Топ 10 најгледани лиги во светот
1 Премиер Лига (Англија) 20 – 15,380,351
2 Бундеслига (Германија) 18 – 11,830,600
3 Ла Лига (Шпанија) 20 – 11,406,042
4 Серија А (Италија) 20 – 11,662,951
5 Лига 1 (Франција) 18 – 8,551,612
6 Main Liga Soccer (САД) 30 – 7,743,297
7 Бразил Серија А (Бразил) 20 – 4,987,605
8 Лига MX (Мексико) 18 – 2,638,361
9 Примеира (Португалија) 18 – 3,761,888
10 Ередивисија (Холандија) 18 – 6,120,833
🚨 𝗡𝗘𝗪: Најгледаните лиги во светот во 2025!
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) December 25, 2025
— Sportsdunia. pic.twitter.com/2apAmN29nu