Дома Фудбал Ова ретко се гледа: Американка победи во ВТА финале без изгубен гем!

Ова ретко се гледа: Американка победи во ВТА финале без изгубен гем!

Американската тенисерка Емма Наваро стана само петтата тенисерка на овој век која во финалето на турнирот на ВТА славеше со максимални 6:0 и 6:0 на турнирот Мерида Опен во Мексико.

Емма Наваро синоќа со брутална и доминантна игра ја совлада колумбиската квалификантка Емилијана Аранго со максимална предност во гемовите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Американката, која е десетта тенисерка во светот, ја заврши работата за само 55 минути игра. До финалето Наваро не загуби ниту еден сет, а потоа во самото финале го подигна нивото на игра и го освои натпреварот без загубен гем.

Сепак, тоа не е обесхрабрувачко за младата противничка Емилијана Аранго, бидејќи никогаш во својата кариера не поминала натпревар до четвртфинале на некој турнир. Но, во Мексико започна од квалификациите, играше одлично, но имаше и многу среќа бидејќи по повредата стигна до финалето.

Овој подвиг е виден уште само четири пати од 2000 година, а станува збор за победа во финале со максимални 6:0 и 6:0.

Останатите играчки што го постигнаа ова се Марион Бартоли (Квебек 2006), Агњешка Радванска (Сиднеј 2013), Симона Халеп (Букурешт 2016) и Ига Свјонтек (Рим 2021).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Астрономска сума: Откриена платата на Марк Геи во Сити

Англискиот штопер Марк Геи оваа зима ќе го засили Манчестер Сити, а сега е откриена и него…