
Се чини дека Винисиус Жуниор одлучи да остане во Реал Мадрид. Преговорите за новиот договор со кралскиот клуб започнаа и се очекува исклучително брза реализација и потпис.
Наскоро ќе падне еден од најголемите потписи во светот на фудбалот. Иако многу се зборуваше за неговото можно заминување од Реал Мадрид, од тоа нема да биде ништо и Винисиус Жуниор и во следните години ќе го носи дресот на кралскиот клуб од Мадрид.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Реал и Винисиус повторно се на преговарачката маса. За разлика од претходните месеци, кога ниту една страна не попушташе во преговорите, се чини дека сега сè е завршено и договорот е на праг на реализација.
„Директните преговори помеѓу Вини Жуниор и Реал Мадрид се во тек. Вини се чувствува важен и е среќен во клубот, за разлика од времето кога тука беше Чаби Алонсо. Поддршката од страна на Алваро Арбелоа е клучна”, наведува АС.
Договорот би можел многу бргу да биде завршен. Страните ќе се сретнат со нов договор на половина пат и Бразилецот на годишно ниво ќе заработува 27 милиони евра.
Да потсетиме, претходно Вини бараше повеќе од 30 милиони евра годишно, колку што има Килијан Мбапе, додека клубот нудеше нешто повеќе од 20. На крај, се сретнаа на прифатлива сума за двете страни.