Дома Фудбал Отворена истрага: Фонсека пред суспензија?!

Отворена истрага: Фонсека пред суспензија?!

Пауло Фонсека, тренерот на фудбалерите на Милан, би можел да биде суспендиран.

Како што јавува италијанскиот „Кориере дело Спорт“, Фонсека е во опасност од суспензија поради критиките кон судијата во поразот од Аталанта во петокот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалската федерација на Италија веќе започна истрага за критиките на Фонсека кон судијата Федериго Ла Пена, а на Португалецот му се заканува суспензија од еден натпревар.

„Вообичаено молчев за судиите, додека другите се жалеа, но денес јас сум тој кој е уморен од молчење и гледање. При првиот гол имаше фаул, за тоа нема никаква сомнеж. Судијата беше против Милан за време на целиот натпревар, за тоа нема сомнеж“, рече Фонсека по дуелот со Аталанта и продолжи:

„Знам дека судиска работа е тешка, навистина тешка, но секоја недела е исто. Милан нема почит. Во текот на целата вечер Милан беше непочитуван. Ме нервира што морам да зборувам за судиите, но оваа ситуација ме револтира. И се случува секоја недела“.

Ако Фонсека биде суспендиран, тоа би било нешто несекојдневно за италијанскиот фудбал, бидејќи за вакви постапки обично се изрекуваат парични казни.

Потенцијалната суспензија би важела за натпреварот од Серија А на 15 декември против Џенова, а во меѓувреме Фонсека и неговите „росонери“ ги очекува дуел со Црвена звезда во Лигата на шампионите во среда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Раниери ја води Рома, но и бара нов тренер: Ќе се потрудиме сега да не погрешиме

Во 2024 година, Рома имаше четворица тренери, а по оваа сезона на клупата ќе седне ново им…