Дома Фудбал Откриени детали од обдукцијата на Марадона, нов стрес за семејството

Откриени детали од обдукцијата на Марадона, нов стрес за семејството

Во Буенос Аирес во петокот беше продолжено судењето на медицинскиот тим обвинет за смртта на фудбалската легенда Диего Марадона.

На првото рочиште светот, а пред сè семејството, беше шокиран од фотографиите кои ги прикажа обвинителот Патрисио Ферари во судницата.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Ништо помалку стресно за семејството не беше ниту на второто рочиште каде сведочеа медицинските експерти.

Резултатите од обдукцијата првпат беа објавени во јавноста, и беше потврдено дека Марадона починал од акутен едем на белите дробови и срцева болест.

„Срцето на Марадона беше тешко речиси двојно повеќе од нормално срце“, сведочеше форензичарот Маурицио Касинели. Тој додаде дека водата во белите дробови на Марадона се собирала „најмалку десет дена“ пред да настапи смртта, што „можело да предизвика агонија“ најмалку 12 часа пред смртта.

„Лекарите и медицинските сестри кои се грижеа за него требале да го забележат тоа“, рече Касинели кој има 36 години искуство и над 8.000 извршени обдукции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед ја донесе одлуката за Зиркзе!

Играчите на Манчестер Јунајтед се соочуваат со голем притисок, а еден од тие играчи кои се…