Дома Фудбал Откриени детали од договорот на Перез и Анчелоти: Италијанецот заминува со две привилегии

Откриени детали од договорот на Перез и Анчелоти: Италијанецот заминува со две привилегии

Реал Мадрид реши да му го исплати на тренерот Карло Анчелоти преостанатиот договор до последниот цент иако е јасно дека Италијанецот заминува, објави денеска шпанскиот Релево.

Реал, исто така, планира да му понуди на Анчелоти почесна функција амбасадор на клубот до крајот на животот, штом реши да се повлече од тренерската кариера.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Одлуката доаѓа по серија шпекулации за неговата иднина, кои се засилија по неодамнешниот пораз од Барселона во финалето на шпанскиот Куп на кралот.

Анчелоти сè уште се наоѓа на чело на мадридскиот клуб, но неговата иднина е сè понеизвесна со навестувањата дека би можел да ја напушти клупата по завршувањето на оваа сезона.

За време на својот мандат, тој освои бројни трофеи, но Анчелоти се соочува со критики поради променливите резултати и намалената ангажираност на младите играчи како Ендрик, Гулер и Брахим Диаз.

Тие се надеваат на поголема минутажа кај идниот тренер, а Реал Мадрид се подготвува за нова ера со големо почитување кон легендарниот италијански стратег.

Инаку, Анчелоти ќе има заслужено место во историјата на клубот без оглед на неговото заминување од тренерската позиција.

Фото: Real Madrid C.F/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок спектакуларно враќање на играч во Барселона

Барселона зад себе има една многу успешна сезона под раководството на тренерот Ханси Флик.…