Дома Фудбал Откриена следната цел на Арсенал и Тотенхем, клаузата му е 60 милиони евра

Откриена следната цел на Арсенал и Тотенхем, клаузата му е 60 милиони евра

Арсенал работи на доведување на дефанзивецот Пиеро Хинкапиe од Баер Леверкузен, ексклузивно објави “Атлетик”.

За таа цел, клубот мора да продаде играчи пред затворањето на летниот трансфер период, што е точно за една недела (1 септември).

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според Фабрицио Романо, Тотенхем исто така го сака овој играч, дури има и понуда за заем со клаузула за задолжително откупување за 60 милиони евра во летото 2026 година.

Хинкапиe има договор со Леверкузен до јуни 2029 година, но сака да замине и го информираше клубот од Бундеслигата за својата желба. Германците претпочитаат да го задржат 23-годишниот Еквадорац, освен ако не се активира ослободувачката клаузула во неговиот договор вредна 60 милиони евра, иако се прават напори сумата да се намали на по-реалистична пазарна вредност.

Хинкапиe преферира да се приклучи на Арсенал, а англискиот клуб е подготвен да направи потег за него, ако се реализираат продажби. Обично игра како лев централен дефанзивец, но може да се користи и како лев бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија повторно тагува, “азурите” го пропуштаат третото по ред светско првенство

Италија не успеа да се квалификува на трето по ред светско првенство. “Азурите”…