
Решена е дилемата околу судбината на медалот на Нони Мадуеке од Светското клупско првенство на ФИФА, по шпекулациите дека медалот завршил кај американскиот претседател Доналд Трамп. Мадуеке беше дел од екипата на Челси што го освои трофејот, но не беше присутен на доделувањето на наградите.
„Сините“ блескаа на натпреварот против ПСЖ во Њу Џерси. Трофејот им го врачи Трамп, кој остана на сцената и по завршувањето на официјалниот дел. Подоцна, на видеозапис кој стана вирален, се гледа како Трамп зема една од медалите за себе, што предизвика голем број шеги дека токму тој медал припаѓал на Мадуеке.
Donald Trump took Madueke medal 😭😭
— Janty (@CFC_Janty) July 13, 2025
pic.twitter.com/blIfSd4jyf
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Но, вистината за губењето на медалот сега конечно е изнесена на виделина. Како што пренесува Дејли, иако се пишуваше дека Трамп го задржал медалот, тоа всушност не е точно, и англискиот репрезентативец треба да го добие медалот преку пошта.
Во времето кога неговиот тим се бореше за титулата, Мадуеке имаше дозвола да се врати дома за лекарски преглед пред трансферот во Арсенал. Изгледа дека финалето не го интересираше премногу, бидејќи имајќи ги предвид неговите приоритети, тој беше забележан на фестивал со поранешни соиграчи.
Дваесет и тригодишниот фудбалер уживаше во настапот на Дрејк заедно со Џејдон Санчо и Карни Чуквумека, додека од другата страна на Атлантикот се одржуваше финалето. Тоа значи дека ја пропушти онаа што се опиша како несекојдневна ноќ на славење на играчите на Челси.