Дома Фудбал Откриен тајниот телефонски повик на Роналдо до Меси за кој сè уште жестоко жали

Откриен тајниот телефонски повик на Роналдо до Меси за кој сè уште жестоко жали

Лионел Меси и Кристијано Роналдо речиси две децении доминираат на фудбалската сцена, а тоа особено се однесува на Златната топка до која никој друг не можеше да стигне во нивната ера. Јасно е дека помеѓу нив тогаш имало и нетрпеливост, а многумина и денес го паметат тајниот телефонски повик што се случи во 2017 година.

Меси и Роналдо без сомнение ја обележија фудбалската ера во последните 20 години, а колку беа доминантни најдобро покажува наградата за најдобриот играч во светот каде што единствено тие двајца се бореа.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Познато е дека Меси е апсолутен рекордер во тоа прашање бидејќи има освоено дури осум Златни топки досега во својата кариера, а Роналдо е на втората позиција со пет.

Нивната доминација започна во 2008 година кога Златната топка ја освои Роналдо, а потоа четири пати по ред таа награда ја доби Меси. Роналдо беше на тронот во 2013, 2014, 2016 и 2017 година.

Тогаш се изедначи со Меси пред да ја прекине десетгодишната доминација на овој двоец Лука Модриќ, кој успеа да ја освои Златната топка во 2018 година.

Сепак, Меси повторно успеа да избега од Роналдо затоа што во периодот од 2019 до 2023 година повторно освои три Златни топки и јасно е дека е по тоа недостижен за Португалецот.

Колку имаше нетрпеливост меѓу нив најдобро покажува тајниот телефонски повик кој се случи во 2017 година пред доделувањето на Златната топка.

Тогаш во јавноста протече името на добитникот на наградата и тоа беше Роналдо по одличната сезона со Реал. Тој не можеше да одолее и одлучи пред доделувањето на Златната топка да го повика Меси.

Роналдо тогаш сакаше да му потврди на Меси дека информацијата е точна и дека тој е добитник на таа награда, а не Меси како што многумина потенцираа.

Тоа беше прв и единствен пат кога имаа телефонски разговор и многумина и денес сметаат дека Роналдо тоа очигледно го направи за да се насладува пред Меси со оглед дека тогаш беа изедначени по бројот на освоените Златни топки.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваков Мурињо не сме го виделе: Со очи полни солзи зборуваше за големата трагедија (Видео)

Португалскиот фудбал беше погоден со уште една голема трагедија по смртта на Жорге Коста, …