Дома Фудбал От Милан ја потврдија новата понуда за Јашари

От Милан ја потврдија новата понуда за Јашари

Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, потврди дека „росонерите“ испратиле подобрена понуда за играчот од средниот ред на Бриж, Ардон Јашари, но тоа ќе биде последниот обид за привлекување на овој играч.

Од „Сан Сиро“ веќе испратија понуда во висина од 32,5 милиони евра плус уште 5,5 милиони во форма на бонуси, но она беше одбиена од белгиската страна, која инсистираше на повеќе. Очекувањата се дека новата понуда ќе биде зголемена за уште два или три милиони и структурирана така што ќе се достигне поставената цена од 40 милиони евра од страна на Бриж.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Имаме добри односи со Бриж и направивме нова понуда за Јашари. Сметаме дека таа е соодветна според цената на играчот, но не сме подготвени да правиме повеќе понуди,“ краток беше Таре. Самиот играч веќе се договори за личните услови со Милан и сака да премине на „Сан Сиро“. Ардон Јашари не е дел од групата на Бриж за натпреварот со Генк денес, и се очекува на крај договорот со Милан да се реализира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За Баерн нема кој да брани: Младо момче мора на гол оти друг избор нема!

Вистински хаос се случува во Минхен. Причината се голманите кои Баерн веќе ги нема на расп…