
Манчестер Сити планира да го награди Родри со нов богат договор, кој ќе го смести на второ место по највисоки заработки во клубот, веднаш зад Ерлинг Халанд, пренесуваат британските медиуми.
И покрај тоа што актуелниот договор на играчот за врска важи уште две години, раководството на клубот од “Етихад” сака да го задржи еден од клучните луѓе на Пеп Гвардиола на долг рок. Новиот четиригодишен договор што му е понуден, би му донел приближно 20 милиони евра по сезона, што е значително повеќе од сегашните 12,5 милиони евра годишно.
Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓
Родри поради повреда на коленото пропушти поголем дел од сезоната и се врати на теренот дури на 20 мај, во претпоследното коло од Премиер лигата. Сепак, неговото значење за играта на „Граѓаните“ не е доведено под прашање, што е потврдено со подготвеноста на клубот да му обезбеди еден од најголемите договори во Премиер лигата.
Најплатен фудбалер во Манчестер Сити и натаму останува Ерлинг Халанд, кој на годишно ниво заработува околу 32 милиони евра.