Дома Фудбал Осум играчи го напуштија кампот на Англија, „отворена болница“ во Арсенал

Осум играчи го напуштија кампот на Англија, „отворена болница“ во Арсенал

Дури осум фудбалери го напуштија кампот на репрезентацијата на Англија по ремито со селекцијата на Уругвај, а пред натпреварот со Јапонија.

Кампот го напуштија петмина играчи поради повреди. Двојката на Арсенал, Деклан Рајс и Букајо Сака, кои го пропуштија натпреварот со Уругвај, се враќаат во клубот на лекарски прегледи. Двајцата, ако бидат подготвени, се сигурни патници на Светското првенство. Им се придружи и соиграчот од Арсенал, Нони Мадуеке, кој поради повреда мораше да биде заменет на полувремето против Уругвај.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Поради повреда, замина и Џон Стоунс, долгогодишен стандарден стопер на репрезентацијата кој оваа сезона не играше за Манчестер Сити. Адам Вартон од Кристал Палас исто така се повреди во дуелот против Уругвај, па и тој беше вратен во клубот.

Освен повредените, кампот го напуштија и голманот на Њукасл Арон Рамсдејл, дефанзивецот на Милан Фикајо Томори и напаѓачот на Лидс Доминик Калверт-Луин. Причините за нивното заминување засега не се објавени, но бидејќи селекторот Тухел за оваа акција повика дури 35 играчи, се верува дека овие тројца се вишок и не го поминале “филтерот” пред Светското првенство.

Од друга страна, Англија за Јапонија ќе биде посилна за девет играчи. Селекторот Тухел во мечот со Уругвај ги поштеде Дина Хендерсон, Нико О’Рајли, Езри Конса, Марк Гехи, Дан Бурн, Елиот Андерсон, Морган Роџерс, Антонио Гордон и капитенот Хари Кејн.

Во репрезентацијата останува десниот бек на Арсенал Бен Вајт, кој се враќа во националниот тим за првпат откако ја напушти репрезентацијата за време на Светското првенство 2022 поради конфликт со тогашниот помошник селектор Стив Хоуланд.

Иако од своите соиграчи беше срдечно дочекан, Вајт беше критикуван од трибините при влезот во игра, но и откако постигна погодок. Подоцна направи прекршок за пенал што Феде Валверде го претвори во изедначувачки гол за Уругвај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид е потресен од финансиски проблеми

Спокојната спортска и техничка ситуација во Реал Мадрид во последните недели, или барем по…