Роџер Федерер се повлече од Ролан Гарос и нема да игра во осминафиналето против Матео Беретини, потврди швајцарскиот тенисер. Федерер играше до 1 часот по полноќ и по победата против Германецот Копфер најави дека размислува за повлекување од турнирот. „Откако разговарав со тимот, решив да се повлечам од Ролан Гарос. По две операции на коленото и над една година рехабилитација, …