Дома Останати Тенис Надал: Не славам родендени, имам 35 години и тоа не е добро

Надал: Не славам родендени, имам 35 години и тоа не е добро

Tретиот рекет во светот изгледа дека полека влегува во препознатливата форма.

Шпанскиот тенисер ја прескокна втората препрека на Ролан Гарос откако доцна вчера вечер го совлада Французинот Гаске со 3:0 во сетови (6:0, 7:5, 6:2).


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со тоа Надал на најдобар можен начин самиот себе си го честиташе 35. роденден кој му беше вчера. После мечот Надал призна дека повеќе не ги слави родендените затоа што се чувствува старо.

„Не славам родендени. Имам 35 години и тоа не е добро. Сакам повторно да имам 25“, изјави Рафа со насмевка.

Негов нареден противник ќе биде Британецот Камерон Нори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Србите тврдат: Ова е моментот кога „пукна тиквата“ помеѓу Ѓоковиќ и Иванишевиќ 🎥

Вчера спортската јавност беше изненадена со објавата дека Новак Ѓоковиќ ја прекинува сораб…