Дома Останати Тенис Организаторите го „одврзаа ќесето“: Наградниот фонд на Ролан Гарос изнесува речиси 62.000.000 евра

Организаторите го „одврзаа ќесето“: Наградниот фонд на Ролан Гарос изнесува речиси 62.000.000 евра

Наградниот фонд на годинешното Отворено превенство на Франција, Ролан Гарос во Париз, е зголемен за околу 10 проценти на 61.7 милиони евра, соопштија денес организаторите на вториот тениски грен слем турнир во сезоната. 

Наградниот фонд е зголемен за 5.3 милиони евра во однос на минатата година.

Шампионите во женска и машка конкуренција ќе добијат по 2.8 милиони евра, а финалистите по 1.4 милиони евра. Полуфиналистите ќе заработат по 750.000 евра, а оние што ќе загубат во првото коло на Ролан Гарос ќе заработат по 87.000 евра.

Шампионите во двете конкуренции во двојки ќе добијат по 600.000 евра, а шампионите во мешани двојки 122.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ чека разврска во Шангај: еден меч може многу да му го одреди патот кон Торино

Новак Ѓоковиќ од понеделник ќе биде 11-ти во трката за Завршниот мастерс, а исходот од фин…