Дома Останати Кошарка Општа тепачка во Мајами, шест кошаркари беа исклучени од игра (Видео)

Општа тепачка во Мајами, шест кошаркари беа исклучени од игра (Видео)

Дуелот помеѓу Мајами и Хјустон го одбележа општа тепачка на играчите, а дел од сето тоа беше и српскиот кошаркар Никола Јовиќ.

Јовиќ одигра брилијантен натпревар во ноќта помеѓу недела и понеделник, а неговиот Мајами го победи Хјустон.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Меѓутоа, тоа не е нешто што најмногу се дискутира после натпреварот, туку тоа е тепачката што ја започнаа Амен Томпсон и Тајлер Хиро.

Тие двајца 30 секунди пред крајот влегоа прво во вербална расправија, но сè брзо прерасна во физичка пресметка, откако бекот на Хјустон ја фрли ѕвездата на Мајами на паркетот.

Томпсон, Џејлен Грин, тренерот на Хјустон, Име Удока и асистентот Бен Саливен го напуштија теренот од страна на Рокетс, додека Хиро и Тери Розир беа исклучени во Мајами. Освен тоа, Фред Ванвлит беше исклучен за време на претходниот напад во друг инцидент.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Обрадовиќ во солзи ја дочека новата година (Видео)

Жељко Обрадовиќ, кој е тренер на Партизан и еден од најтрофејните кошаркарски тренери вооп…