Дома Фудбал Операцијата била посериозна од што се мислеше: Страшен белег на Белингем ја откри вистината (Фото)

Операцијата била посериозна од што се мислеше: Страшен белег на Белингем ја откри вистината (Фото)

Џуд Белингем ќе го пропушти почетокот на сезоната за Реал Мадрид поради операцијата на рамото што ја имаше пред неколку недели. Моментално е на одмор, а главна тема е фотографијата што се појави на социјалните мрежи на која се гледа каков белег има на рамото.

Белингем пред две сезони пристигна во Реал Мадрид од Борусија Дортмунд и за „Кралевите“ тоа беше полн погодок.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Меѓутоа, дури и кога пристигна од Дортмунд, веќе тогаш левото рамо му предизвикуваше одредени непријатности, но англискиот средбаш успеа да одигра две сезони во дресот на Реал.

Сепак, на крајот од минатата сезона, Белингем сфати дека е време да го реши проблемот што одамна го мачи. Веднаш по Светското клупско првенство се одлучи за операција и започна со опоравување.

Нормално, неговото доаѓање предизвика големо внимание и многумина сакаат да го сретнат и да се фотографираат со него. Некои од нив успеаја во тоа, но во центарот на вниманието е посебно една фотографија.

Заради маицата што ја носеше, се гледа неговиот белег на рамото кој многумина ги изненади, бидејќи не очекуваа дека ќе биде толку јасен.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тер Штеген во „војна“ со Барселона – со еден потег им го загорчи животот на Каталонците

Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген влезе во нова фаза на конфликт со Барселона, отка…