Дома Фудбал Oнана има нов клкуб: Ќе заработува повеќе отколку во Јунајтед!

Oнана има нов клкуб: Ќе заработува повеќе отколку во Јунајтед!

Голманот на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана (29), ќе оди на едногодишна позајмица во турскиот Трабзонспор.

Според информациите од британските медиуми, Онана веќе во четврток ќе тргне за Турција, каде што го чека поголема плата отколку што би имал доколку остане на Олд Трафорд. Овој трансфер го изненади многумина.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Трабзонспор нема да исплати оштета за неговиот ангажман, но ќе ја преземе обврската за неговата годишна плата, која изнесува 4,8 милиони евра. Дополнително, турскиот клуб ќе му обезбеди и значителен бонус.

Во првите три кола на Премиер лигата, Онана остана на клупата, додека шанса на голот добиваше Турчинот Алтај Бајиндир.

Јасно му стана дека неговото време во Јунајтед завршува, последниот ден од трансфер периодот, кога Црвените ѓаволи од Антверпен го донесоа белгискиот голман Сен Ламенс (23) за 21 милион евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трагедија: Фудбалер загина неколку дена пред да замине во МЛС, требаше да игра и за репрезентацијата

Талентираниот фудбалер Едер Смиќ Валенсија трагично го загуби животот на 16-годишна возрас…