Дома Фудбал Онана го напушта Јунајтед? Ова се неговите опции за иднината

Онана го напушта Јунајтед? Ова се неговите опции за иднината

Манчестер Јунајтед наскоро може да се откаже од уште едно скапо промашување.

Како што е познато, последниот ден од преодниот рок на „Театарот на соништата“ пристигна Сене Ламенс од Ројал Антверпен и младиот Белгиец ќе биде првиот избор на Рубен Аморим.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Наводно, Јунајтед сега бара начини да го продаде или Андре Онана или Алтај Бајиндир, кој имаше предност на почетокот на Премиер лигата, но не се прослави.

Медиумите наведуваат дека Онана е повеќе баран на пазарот, но моментално опциите се само Турција и Саудиска Арабија, каде што трансферниот период сè уште трае.

Ако погледнеме кон Турција, Галата и Фенер не се опција, бидејќи двата големи клуба доведоа нови голмани. Галата го разбила рекордот за Угурчан Чакир од Трабзон, додека во Фенербахче пристигна Едерсон од Манчестер Сити.

Саудиска Арабија секако е опција, останува да видиме за кои клубови. На голот на Ал Хилал стои Боно, во Ал Наср е Бразилецот Бенто, додека Менди е капитен на Ал Ахи, така што е невозможно да замине во овие тимови, останува да видиме кои се опциите во останатите клубови од Саудиска Арабија.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешната ѕвезда на Тотенхем може брзо да се врати во Европа и тоа – во Барселона!

Хјонг Мин Сон, играчот на Лос Анџелес, наскоро би можел да се приклучи на Барселона како п…